Шеста собраниска седница, десетката на ВМРО ДПМНЕ и смената на Марко Зврлевски на почек!

од Vladimir Zorba

Десетте пратенички групи на ВМРО ДПМНЕ, од денес ќе ја покажат целта. Дали се формираа за чиста   блокада  на работата на парламентот или за  поквалитетна дебата како што велат. Тоа ќе се види веќе денеска на првото продолжение на седницата за разрешување  на главниот обвинител   Марко Зврлевски.

 Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и  разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во четвртокот ја прекина седницата по серијата паузи што ги побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за да се разгледаат стенограмите од обраќањето на омбутсманот Иџет Мемети.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека формирале 10 пратенички групи. Координатори на пратеничките групи се Илија Димовски, Антонио Милошевски, Зоран Илиовски, Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.

Според собранискиот Деловник, координаторите на пратеничките групи имаат право на дискусија од 15 минути и да побараат процедурална забелешка уште 3 минути.

Во изјава за медиумите спикерот Џафери минатата недела истакна дека е рано да се каже дали потегот на ВМРО-ДПМНЕ со формирањето на 10 пратенички групи е направен со цел да се блокира работата на Собранието. – Со нивното делување во Собранието ќе се покаже која им е намерата, рече Џафери и додаде дека тие ќе понесат политичка одговорност за нивното делување.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ викендов соопшти дека директна и единствена причина за делувањето на партијата во Собранието е игнорантскиот однос на Владата предводена од СДСМ и новото парламентарно мнозинство. – ВМРО-ДПМНЕ смета дека со своето организирање во 10 пратенички групи ќе придонесе за демаскирање на сите задни намери кои што ги планира СДСМ и истовремено ќе обезбеди поквалитетна дебата за било кое прашање или мерка која што ќе се разгледува во законодавниот дом, стои во соопштението од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Десетте пратенички групи на ВМРО ДПМНЕ, од денес ќе ја покажат целта. Дали се формираа за чиста   блокада  на работата на парламентот или за  поквалитетна дебата како што велат. Тоа ќе се види веќе денеска на првото продолжение на седницата за разрешување  на главниот обвинител   Марко Зврлевски.

На дневен ред на шестата седница се и предлог-измените на Законот за работните односи поднесен од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини