Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за затајување данок

од desk2

Судот во Шпанија ја ослободи шпанската принцеза Кристина, сестра на шпанскиот крал Фелипе Шести, од обвинението за соучесништво во затајување данок.

Принцезата беше обвинета дека му помагала во затајувањето данок на нејзиниот сопруг, поранешениот шпански ракометар Инаки Урдангарин, кој за ова дело беше осуден на казна затвор од шест години и три месеци.

Истражители од Балеарските Острови во 2014 година ја осомничија принцезата за соучесништво во оваа коруптивна афера, нагласувајќи дека таа има „граѓанска одговорност“ како и секој друг граѓанин на Шпанија, независно што е сестра на кралот./Мета

Слични содржини