СЈО незаконски претресувало кај Грујевски за случајот „Тврдина“

од desk2

Тринаесет дена патувала одлуката на судијката Александара Поп Стефанија до Специјалното јавно обвинителство. Со неа како незаконски ги оценила претресите кај поранешниот шеф на Петтата управа, Горан Грујевски.

Таа ваквата одлука ја донела на 1 февруари. Незаконски било тоа што СЈО влегло во домот на Грујевски, додека тој бил во притвор. Тимот на Катица Јанева веќе ја обжалил ваквата одлука на судијката.

На 30 март лани началникол на Петтата управа доби притвор од 30 дена како првосомничен во случајот „Тврдина“. Судот тогаш го уважи барањето за притвор на СЈО поради основано сомневање за уништување опрема во тајната полиција. Но, по само два дена тој излезе од притвор и судот му ја замени мерката со домашен притвор./Алсат М

Слични содржини