Скромно: Хилари Клинтон купи бел дом од 1,2 милиони

од Vladimir Zorba

Кандидатот за Белата куќа Хилари Клинтон, поддржан од Демократската партија во САД, купи скромен бел дом во Чапакуа, државата Њујорк.1844537e79cf9148eaf7c2989230ceb8

Во позадината на имотот на противникот во изборите за претседател на САД, г-ѓа Клинтон навидум губи по поени. Милијардерот Доналд Трамп е познат по силниот  финансиски замав, барем што се однесува до барањата за имот со мермер и француски мебел.clinton_compound-copy-e1474638124498

Многу е можно сепак тоа да е уште еден PR потег од страна на г-ѓа Клинтон, со кој ќе покаже дека таа е само една обична жена, која си  купила  куќичка во шумата за скромните милион и двесте илјади долари.

Семејството Клинтон поседува мноштво луксузен имот, меѓу кои огромен имот во околината на мегаполисот Њујорк, двокатна вила во Вашингтон за 2,85 милиони долари, куќа во стил тјудор во Северна Каролина и уште неколку помали имотот низ САД, пишува The Real Deal.5f03e4ef7ffa077935701456298bf139

Сигурно финансискиот капацитет на Хилари и Бил Клинтон тешко може да се спореди со оној на Доналд Трамп, но семејството на поранешниот шеф на државата дефинитивно не брои центи.

Новата придобивка на поранешната прва дама и веројатен иден претседател на САД е проценета на 1 милион и 160 илјади долари. Куќата во типичен американски стил е еднокатна, распоредена е врз 340 квадратни метриповршина и е изградена во 1970 година.

Личи  на ранч градба и има 3 спални, 3 купатила, кујна, трпезарија, една дневна соба, надворешна веранда и базен во дворот.

Слични содржини