„Соар“: Макрон води на избирачките места во прекуморските територии

од Vladimir Zorba

Центристичкиот претседателски кандидат Емануел Макрон води во речиси сите француски прекуморски територии пред својата соперничка од крајната десница Марин ле Пен, во вториот круг од претседателските избори, јави белгискиот весник „Соар“, цитиран од ТАСС.

Весникот се повикува на „извори кои заслужуваат доверба“. Според нив, Макрон освоил 75,1 процент од гласовите во Гваделупе, 77,5 проценти во Мартиник, 65 проценти во Француска Гвајана. Изборите таму се оддржаа вчера заради временската разлика.

Во САД, пак, на избирачките места оспособени за француските државјани, Макрон практично има апсолутно мнозинство. Во Њујорк, Чикаго и Бостон тој освои 94,7 проценти, 92 проценти и 95,7 проценти. На територијата на цела САД има 44 избирачки места. Таму гласањето мина под засилени безбедносни мерки.

Француските државјани во Канада, пак, требаше со часови да чекаат во долгите редови за да гласаат во отворените избирачки места. На некои места редовите беа и по неколку километри и чекањето траеше и до три часа.

Во Велика Британија тие што сакаа да гласаат уште од рано наутро се јавија на изборачките места. Во тие во Лондон чекањето траеше околу час и половина.

Над 1,3 милиони француски државајни беа регистрирани за гласање надвор од границите на матичната територија.

Слични содржини