Спасовски денеска и утре во Будимпешта на конференција за нелегална миграција

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска и утре учествува на Конференцијата на Министри за внатрешни работи во рамките на Салцбуршкиот форум во Будимпешта, посветена на нелегалната миграција, миграцискиот притисок и актуелната ситуација долж Западнобалканската рута, a утре тој ќе има свое обраќање.

„На маргините од Конференцијата, министерот Спасовски оствари средба со Андреј Шпенга, Државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, на која беше разговарано за актуелните случувања во врска со нелегалната миграција и ризиците од евентуални нови бранови мигранти. Спасовски и Шпенга разговараа и за реформата на безбедносните служби и полицијата во Република Македонија, која ќе води кон декриминализација и професионализација на МВР. Шпенга потенцира дека Република Словенија останува силен поддржувач на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО“, информираат од кабинетот на министерот.

Слични содржини