Столтенберг: САД и Турција да седнат и да најдат решение за спорот

од desk2

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика САД и Турција да седнат и да пронајдат решение за кризата во односите помеѓу двете клучни членки на Алијансата.

Тој ја истакна важната улога на Турција во борбата против тероризмот.

-Ги повикувам САД и Турција да седнат и да најдат решение затоа што за Алијансата е важно да можеме блиску и меѓусебно да соработуваме, особено во тој регион, затоа што Турција е клучна за нашата борба против тероризмот – рече Столтенберг.

Првиот човек на НАТО предупреди дека воена интервенција против Северна Кореја би имала погубни последици откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека дипломатски напори пропаднале.

-Употреба на воена сила ќе има погубни последици. Мислам дека навистина никој не го сака тоа и затоа мора да ги продолжиме напорите за да пронајдеме мирно решение – заклучи Столтенберг./Мета

Слични содржини