Страв од тероризам ја закова Германија! Полицајци со автомати чуваат аеродроми и железнички станици

од Vladimir Zorba

Се бара Сириец, на кој живеалиштето му било вистински барут за бомби

1476015862-eeee
Полицијата во Германија се уште трага по 22-годишен Сириец осомничен дека подготвува напад врз голем аеродром во земјата. Тој успеа да и  избега на полицијата, откако беа упаднале во неговиот стан и таму беа пронајдени големи количини експлозиви.22-годишниот Џабер Албакр складирал во својот стан во саксонскиот град Кемниц експлозии од типот кој е користен при нападите во Париз и Брисел, соопштија антитерористички експерти. Станува збор за експлозив Ти Еј Ти Пи – тој лесно може да биде добиен, но бомба со толку чувствителен материјал може да направи само специјално обучен човек, сметаат и полицајците. Тие предупредија дека Албакр е многу опасен, бидејќи веќе нема што да загуби и не е познато дали и не носи врз себе експлозии.

ПО него трагаат во целата земја, со што сите аеродроми и железнички станици имаат зголемени мерки за безбедност. Сириецот е виден од разузнавањето и тоа е доволно за аларм на полицијата дека треба да биде деактивиран.Во саботата властите евакуираа цел кварт во кој се наоѓл тој  .Албакр успеал да побегне во последен момент, еден полицаец пукал за предупредување, но тоа не го застанало. Подоцна полицијата уапси три лица. Двајца се ослободени, третиот е уште уапсен. За него се смета дека му помагал на Албакр.

Слични содржини