Тајландските проститутки работат во црнина поради смртта на кралот

од Vladimir Zorba

 

Десетина дена по смртта на тајландскиот крал Бумибол, проститутките во Тајланд ја обновија својата работа, иако во земјата е воведена 30-деневна забрана за „каква било забави“.tocka-204512

Проститутките кои порано се вратија на улиците сепак решија да му оддадат почит на кралот со тоа што ќе бидат облечени во црно, објави магазинот „Сан“, наведувајќи дека „продавачките на љубов“ носат фустани, мини здолништа и кожени чизми во цран боја.

– Се уште е многу тивко. Сите се тажни затоа што кралот почина, но ние мораме да продолжиме да работиме, за да заработиме. Нам не ни преостанува ништо друго, мораме да излеземе и најдеме клиенти. Црното го носиме од почит, изјави една од проститутките за „Сан“.

Проститутките велат дека очекуваат состојбата да врати се во нормала, за да можат да ги надоместат парите кои ги загубиле за времето по смертта на кралот, додека не работеа.

– Ние ја сакаме нашата земја и нашиот крал. Војската тоа го разбира и затоа ни дозволуваат да работиме, додава друга проститутка.

Кралот Бумибол, кој почина на 88-годишна возраст, беше монарх со најдолг стаж во светот. ви/сп/08:56

Слични содржини