Taлат Џафери е избран за Претседател на Собранието на РМ

од Vladimir Zorba

Талат Џафери со 61 глас штотуку беше изгласан во собраниската сала од парламентарното мнозинство за Претседател на Собранието на РМ.

Според пратениците на ВМРО ДПМНЕ, исто така присутни во салата, тоа е нелегитимно и државен удар. Тие не дозволија пратениците да ја продолжат седницата, го блокираа пристапот до претседавачкото столче.

По што пратеникот Ферид Мухиќ како најстар пратеник, кој што ја водеше седницата од позициите каде што седат пратениците го презеде водството на седницата за да биде спроведено гласањето.

Сите пратеници сè уште се во парламентот иако парламентарната говорница е блокирана.

Пред Собранието има исто така тензична атмосфера со демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“, кои се обиделе да влезат во Парламентот, но биле спречени од полициските сили.

Изгласаниот Претседател даде ѝ свечена изјава во собраниската сала.

 

Слични содржини