Реплика на потонатиот пред 104 години “Титаник” ќе ја има својата прва пловидба во 2018 година, соопшти претставник на компанијата “Блу старлајн”, која го остварила проектот на својот сопственик – австралискиот рударски магнат Клајв Палмер.4651402

Новиот брод е со должина од 270 метри, висина од 53 метри и депласман од 40 тони. Во сите 840 кабини можат да се сместат 2.400 патници и 900 членови на екипажот. На располагање на патниците, како и досега, се кабина од прва, втора и трета класа. Во исто време, новиот брод, според креаторите се разликува силно од “оригиналот” по навигацискиот систем.

Новиот “Титаник”, се разбира, ќе биде опремен со модерни средства за евакуација, сателитска контрола, дигитална навигација и радарски системи – сè од што има потреба  брод од 21 век, објасни маркетинг директорот на проектот Џејмс Мекдоналд пред “Индипендент “.

Но, во своето прво патување “Титаник 2” нема да помине низ Атлантикот. Тој ќе замине од источната провинција на Кина – Дзјансу и ќе се насочи кон Дубаи. Сè уште не е јасно колку ќе чини билет за патувањето, но според некои извори желни авантуристи веќе понудиле да платат 1 милион за преживувањето.

Оригиналниот прекуокеански лагер “Титаник” тоне во текот на првото трансатлантско патување во ноќта на 14 наспроти 15 април 1912 година во северниот дел на Атлантскиот Океан во резултат на судир со санта мраз. Бродот тоне за 2 часа и 20 минути. Во моментот на несреќата на бродот се наоѓаат 1 316 патници (патници) и 891-член екипаж или вкупно 2 207 луѓе. Од нив се спасуваат 705, а 1 502 загинуваат. Бродоломот на “Титаник” е најголемата по бројност на жртвите морска и транспортна несреќа во историјата на превозот.

Слични содржини