Трамп: Ќе ја покажам даночната пријава кога Хилари Клинтон ќе ги објави своите мејлови

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп изјави дека ќе ја покаже својата даночна пријава кога Хилари Клинтон ќе ги направи јавно достапни своите мејлови од приватниот сервер, што го користела како американски државен секретар, пренесе ДПА.

1474947619-donald-hillary-debate

– Тоа е нешто што американскиот народ заслужува да го види, рече Клинтон за даноците на Трамп. „Има нешто што тој крие, и ние ќе продолжиме да нагаѓаме што е тоа“, изјави таа.

Трамп возврати дека е подготвен да ја покаже својата даночна пријава доколку Клинтон се согласи да ги објави своите мејлови.

Клинтон призна дека било грешка што користела приватен сервер за својата службена електронска кореспонденција

Слични содржини