Трамп му ја честитал победата на Ердоган на референдумот

од Vladimir Zorba

 

Американскиот претседател Доналд Трамп му ја честиташе победата на референдумот на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, соопштија извори од кабинетот на шефот на турската држава.

Претходно, Белата куќа соопшти дека ќе почека со коментирање на референдумот во Турција, со кој му се прошируваат овластувањата на претседателот.

– Меѓународна комисија го разгледува гласањето и ќе објави извештај за 10 до 12 дена. Ќе почекаме и ќе ги оставиме да си ја завршат работата, истакна портпаролот на белата куќа, Шон Спајсер.

Слични содржини