Уапсени се издавачи во Атина поради критики против воениот министер.

Вчера  попладне директорот на весникот “Параполитика” Панајотис Дзенос бил приведен од полицијата по судски пат поради конфликт со министерот за одбрана Панос Каменос. Малку подоцна е уапсен и издавачот на весникот, Јанис Куртакис.

Како шт посочија вработени на Параполитика,  нивните шефови биле уапсени од цивили, кои упаднале во редакцијата на весникот. Пред канцелариите на редакцијата имало барем десетина полицајци. Случајот е покренат, според вработените во медиумот, по повод написите за патување, направено од министер Каменос во австриските Алпи за одмор.