Тврдокорните ги прогласија Заев и Груевски за предавници, а Иванов за кукавица

од Vladimir Zorba

 Здружението Тврдокорни синоќа одржа протест против Законот за јазиците пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред Собранието на Република Македонија. Тие ги обвинија партиите за предавство на државата и идентитетот. Околу 80 луѓе извикуваа навреди кон албанското малцинство, а беше забележано и големо полициско присуство.

Како што порачаа, овој политички ешалон итно мора да се повлече од власт. Претседателот Ѓорге Иванов го нарекоа кукавица, а премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски предавници, кои наместо да го слушаат македонскиот народ, тие му се покориле на надворешниот фактор.

Извор+Фото: А1он

Слични содржини