Уставен в среда ќе ја разгледува уставноста на помилувањата !?

од Vladimir Zorba

 Која ли е пак сега играта со Уставниот суд?naslovnahorhe-1-720x412
Одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување, кои претседателот на Македонија Ѓорге Иванов ги донесе на 12 април  годинава, ќе бидат оценувани од страна на Уставниот суд на утрешната седница.  Иницијативата за оценување на уставноста на одлуките на Иванов е поднесена веднаш по нивното објавување, но ќе се најде пред уставните судии по речиси седум месеци.
Помилувањето на 56 политичари и нивни соработници предизвика револт, што граѓаните го изразија на улиците во повеќе градови на Македонија.СО силните демонстрации против неправдата и обидот за заштита на криминалците на ВМРО ДПМНЕ претседателот , кој е избрзан од истата партија беше приморан да ретерира.
По силниот домашен и меѓународен притисок, на 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите само за политичарите, а подоцна, на 6 јуни, беа повлечени сите аболиции.
Останува дилемата која е поентата сега Уставниот суд да ја враќа оваа тема пред изборите, и прашањето  дали е можно истата да биде поништена, како евентуално ново сценарио на власта, и педизвикување нови демонстрации, кои би биле искористени за одлагање на изборите!? ТАкви се барем шпекулациите во партиските кругови, иако  експертите велат дека тоа е само процедурално прашање пред судот кој треба да расправа по поднесени претсавки , исто како што ќе мора да ја помине и претсавката за уставноста на работата ан СЈО.

Слични содржини