Утре покрај Земјата ќе помине голем астероид

од Vladimir Zorba

Астероидот “Карпата”, поради својата големина крстен според професионалниот кечер борач Двејн Џонсон, утре на 19 април ќе помине покрај Земјата, објави “Дејли мирор”.

Астероидот се движи со брзина од околу 33 метри во секунда и е долг помеѓу 650 метри и 1,4 километри. Тој ќе се доближи до нашата планета на безбедното растојание од 1,6 милиони километри. Тоа е околу 4,6 пати поголемо растојанието, колки што Меселината одалечена од Земјата.

Вселенското тело нема да помине толку блиску до нашата планета речиси во следните најмалку 500 години. Астрономите за првпат дознаа за астероидот во 2014 година, кога тој беше забележан во рамките на истражувачката програма “Каталина небото над Аризона„.

Астероидот може да биде набљудуван со мал оптички телескоп уште една или две ноќи пред да се изгуби од опсег. Следното поминување на астероид со слична големина ќе биде во 2027 година, кога широкиот 8 километри наречен AN10 ќе прелета на речиси 380 илјади километри од Земјата. Тоа е приближно колку што е растојанието до Месечината.

Слични содржини