(ВИДЕО) Ќе се избере ли претседател нa Собранието неделава?

од desk2

Ќе има ли конечно поместување во политичката кризa до крајот на неделава, дел од очекувањата се дека токму до петок Собранието ќе се стави во функција и ќе сe избере претседател, чекор кој што сите партии од новото парламентарано мнозинство, на чело со Зоран Заев го најавија како извесно, прашува Телевизијата 24.

Барањето до претседавачот нa конститутивната седница екс спикерот Вељаноски ќе пристигне најверојатно со најмалку 20 пратенички потписи.

Партиски консултации и координации на релација СДСМ-ДУИ се одвиваат, а освен опцијата како ќе се свика собранието на маса е и кадровското решение, барем според брифинзите од СДСМ.

Од Бихаќка велат дека доправа следуваат преговори и разговори за сите детали, вклучително и за името. Висок партиски функционер на СДСМ за тв 24 вели дека доколку се договарат сите детали со ДУИ, зашто до крајот на неделава да не се конституира Собранието.

Од друга страна пак во Мала Речица работите велат им се појасни. Чекаат иницијатива од СДСМ, која би ја поддржале. ОД ДУИ веќе се изјаснија дека според нивниот лидер тоа е веќе договорено и ДУИ го добива претседателското место, а според неофицијалните инфоермации нов прв човек на законодавниот дом ќе биде координаторот на пратеничката група на ДУИ од минатиот состав – Талат Џафери. Дека ДУИ ќе инсистира на местото кое и во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски беше договорено и е дел од пакетот за формирање Влада во 24 аналзиа потврди и портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

 

Слични содржини