(ВИДЕО) Спасовски се уште не одлучил дали ќе ги проверува разболените началници во МВР

од Vladimir Zorba
144799-300x240
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се уште не донел одлука дали ќе  преиспитува  од што се болни началниците и командантите, кои зеле боледување откако тој смени 11 раководни лица во МВР, информира 24Вести.  
Во телефонски разговор за 24 вести вели дека ги знае сите законски механизми кои може да ги искористи и да провери дали е злоупотребено  боледувањето,но засега не размислувал за конкретни чекори.
Доколку Спасовски  реши да провери дали боледувањето има покритие, мора да се обрати до Фондот за здравство, кој го има последниот збор, вели поранешниот портпарол на фондот Дејан Гацов.
Доколку е подолго од три дена не може да го продолжи боледувањето, само по видување на матичниот лекар. Доколку работодавецот во овој случај МВР, претставувано од Спасовски во овој случај се сомнева во било кое од боледувањата дали е веродостојно или не треба да побара од Фондот за здравствено осигурување да го исконтролира тоа боледување, односно МВР праќа претставка до ФЗО кој што преку својот сектор за контрола, преку своите контролори испитуваат прво кај матичниот лекар или специјалистот, изјави  Дејан Гацов- поранешен портпарол на ФЗО.
Првите луѓе на ЕБР, тигрите, ЦПС и ОПЕ, помошничката за внатрешна контрола и уште неколку началници зеле боледување после 29 септември, кога Спасовски реши да ги искористи можностите за кадровски промени согласно Пржинскиот договор. Речиси десет дена не се појавиле на работа. Доколку боледувањето е подолго од  две недели министерот  може да побара второстепена комисија да ги преиспитува и претходните решенија.
Целиот текст можете да го прочитате тука 

Слични содржини