(ВИДЕО) Циркус за време на обраќањето на Могерини во српското Собрание, Шешељ ја започна претседателската кампања

од desk2

Војислав Шешељ денеска ја започна својата кампања за претседателските избори во Србија откако во српското Собрание, тој и членовите на неговата партија довикуваа и не ѝ дозволуваа на Федерика Могерини да го доврши нејзиниот говор.

Тој и неговите пратеници за време на говорот на Могерини скандираа „Србија, Русија, не ни треба Унија“ и викаа „уа“.

„Би било добро уште неколку пати да ја доведат Федерика Могерини во Собранието или некој од оние агресорски земји што не бомбардираа. Тоа би било уште поинтересно“ изјави Шешељ за новинарите.

Тој смета дека денеска радикалите испратиле клучна порака во врска со ЕУ и Русија и дека со скандирањето „Уа Вучиќ“ испратиле порака за тоа што мислат за власта и потегот да ја доведат високата претставничка на ЕУ.

На прашањето дали се точни тврдењата на претседателот на десничарското движење Двери, Бошко Обрадовиќ дека денешниот настан во Собранието бил испланиран во соработка во Вучиќ, Шешељ одговори дека Обрадовиќ е најобичен идиот.

Тој додаде дека радикалите се опозиција за себа и дека немаат ништо заедничко со прозападните партии.

Слични содржини