ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го предизвикува гневот и револтот на народот

од Vladimir Zorba

Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а по избори почна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на тиранската платформа, изјави денеска на прес-конференција Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ со своето неодговорно однесување го предизвикува гневот и револтот на народот. Народот бара од аболираниот криминалец Зоран Заев и од СДСМ јасно и гласно да се откажат од тиранската платформа, чии елементи директно го загрозуваат унитарниот и мултиетнички карактер на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ја разбира загриженоста која стотици илјади граѓани секојдневно ја покажуваат низ целата земја – вели Попова.

Според Попова, секој поминат ден во премолчување на елементите на тиранската платформа, уште повеќе ги плаши граѓаните дека СДСМ ја има прифатено платформата во целост и дека заради тоа народот е на нозе.

Слични содржини