Што се однесува до гласањето на дијаспората и избирачкиот список, наше чувство е дека има договор меѓу другите партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска одржаа брифинг за новинари на тема изборниот законик и преговорите, непосредно по брифингот на СДСМ.

Screenshot_107-616x320-616x320

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да прецизираат за кои партии станува збор. Од таму велат дека што се однесува до избирачкиот список подготвени се да го прифатат секое барање на опозицијата, за да не биде тоа во иднина алиби за изборен пораз.

-Што и да предложат околу избирачкиот список, ние сме спремни да прифатиме. Не се спротивставуваме, спремни сме да прифатиме и активна регистрација – велат на информациите дека е договорено да се изврши теренска проверка на избирачкиот список во комбинација со дата базите од институциите.

Законот кој забранува употреба на „бомбите“ бил повлечен, но со договор да биде предложен до Собрание на 20-ти октомври, заедно со закон за т.н. свиркачи. Во спротивно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, под прашање ќе бидат ставено гласањето на министрите.

Од партијата потврдуваат дека е договорена забрана за медиумите да ги финансираат изборните кампањи. За ВМРО-ДПМНЕ ова не е проблем, иако нивната партија во голем дел беше финансирана токму од медиумите.

Што се однесува до дијаспората, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека опозицијата се согласува иселениците да гласаат, но, како што велат, да не избираат пратеници, поради високиот цензус што го предлага. За владејачката партија иселениците имаат право да избираат пратеници поради нивното учество во развој на економијата, затоа што се граѓани на Македонија и затоа што плаќаат даноци. Нивниот став е гласањето на дијаспората да остане како до сега.

На тврдењата од СДСМ дека го блокираат процесот по секоја цена, од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека се однесуваат конструктивно.

-Ние не ги прекинавме преговорите утринава. Одговорно се однесуваме и не е точно дека немаме мандат да одлучуваме. Врз база на легитимитет имаме мандат да одлучуваме што да прифатиме или да не прифатиме – велат од таму.

извор+фото: а1он.мк

Слични содржини