ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС делуваат противзаконски и одговорност мора да има

од Vladimir Zorba

„Криминалецот Зоран Заев е поттикнувач и поддржувач на пеењето на албанската химна во Собранието. Зоран Заев со кршење на Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието се обиде да избере Тирански Претседател на Собранието.

Криминалецот Зоран Заев и СДС делуваат антиуставно и противзаконски и затоа одговорност мора да има.

Криминалецот Зоран Заев направи правен и политички преседан со што отвори можност во иднина, на незаконски начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската Платформа, без да се почитува волјата на народот.

Криминалецот Зоран Заев во еден ден ги направи Македонците и Бугари и Срби, и покажа како планира да ја витка кичмата на Македонецот во иднина.

Криминалецот Зоран Заев се претвори во маша на Еди Рама и Хашим Тачи и станува закана по безбедноста во целиот регион.

Криминалецот Зоран Заев со својата непресметливост предизвика меѓународен скандал и ги влоши билатералните односи на Република Македонија со Република Србија, за што уследија низа реакции на највисоките државни претставници од таа земја.

Криминалецот Зоран Заев со својата непресметливост ја доведува во опасност Република Македонија, нејзината меѓународна репутација и односи со други држави.

Граѓаните се згрозени и гневни од ваквиот дилетантизам на криминалецот Заев и СДС. Граѓаните се постизборно измамени и бараат одговорност и нови парламентарни избори.

Криминалецот Заев и СДС не можат да одат спротивно на народната волја, СДС мора да го слушне гласот на народот„ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини