ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да се откаже од претворањето на Македонија во бинационална држава

од desk2

Со конфузните и контрадикторни ставови кои ги изнесе Зоран Заев, тој не ја отфрли Тиранската платформа, туку напротив најави дебатирање по нејзините точки. Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев со цел да добие власт ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на Тиранската платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска.

„СДСМ мора јавно и јасно да се откаже од Тиранската платформа и елементите во неа кои ќе ја редефинираат Република Македонија, која од мултиетничка би ја претвориле во бинационална држава“, порача партијата и на повтори својата понуда да поддржи малцинска влада што би ја формирал Зоран Заев, само ако се откаже од Тиранската платформа.

Истовремено, партијата го повика претседателот на СДСМ да ја стави платформата на најширока дебата.

Слични содржини