Во 2013 се прегласуваше во половина општина Центар, а сега им е скандалозно прегласување во 1 ИМ

од Vladimir Zorba

На локалните избори во 2013 година, ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар поднесе вкупно 35 приговори, од кои 29 беа прифатени од страна на нивниот ДИК. Да биде појасно, тоа се 29 од вкупно 66 избирачки места, што значи дека речиси половина од сите избирачи беа принудени да прегласуваат, само поради фрустрациите на владејачката партија.

andrej zernovski

Денеска, иста власт-друга песна, но со веќе добро познатото лицемерие. ВМРО-ДПМНЕ смета дека било скандалозно тоа што се усвоил еден приговор и се отворила можност за прегласување на едно изборно место во Гостивар. Ако има нешто што оваа власт го згази до корен, тоа се правдата, праведноста и еднаквоста.

Груевски буквално се однесува како монарх, а неговите соработници како дел од кралското семејство.

Колку само гнев создава овој човек. Граѓаните со кои разговарам, едвај ги задржуваат грубите зборови, иритирани од неправдата која секој ден им се сервира.

Затоа, ова самоволие никогаш повеќе не смее да се повтори.

Никогаш повеќе !!!

Андреј Жерновски – Фејсбук статус

Слични содржини