Во инспекција или!? US-генералот Креј е горд на соработката со партнерската АРМ …

од desk3

Високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј ја отпочна официјалната посета на АРМ.

По приемот во Генералштабот (ГШ) на АРМ од страна на неговиот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, се реализира работен состанок.

Displaying 1.JPG

На состанокот, делегацијата од НГ на Вермонт се запозна со активностите на АРМ во изминатиот период, пред се со стекнатите искуства на АРМ во нејзиниот ангажман во справување со мирантската криза и последиците од поплавите.

Посебен акцент се даде на начинот на организација во справување со кризните ситуации, менаџирање со ангажираниот персонал и ресурси како и координацијата со останатите државни институции.

Генералот Величковски, го истакна искреното пријателство и одличната соработка на АРМ со НГ на Вермонт, која досега се спроведува преку заедничкото учество во мировни операции, реализацијата на голем број заеднички вежби, обуки и едукација на припадниците на двете армии.
Генералот Креј заблагодарувајќи се на гостопримството, истакна дека е горд на соработката со АРМ и дека пријателството кое изминатите години е изградено, значи и партнерство.

За време на престојот во ГШ на АРМ генералот Креј беше примен од Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски.

Displaying DSC_6828_resize.JPG

Делегацијата од НГ на Вермонт, во текот на денешниот ден ќе оствари обиколка на инженерискиот баталјон и баталјонот на воена полиција во касарната Илинден во Скопје, а утре со генералот Величковски ќе бидат обиколени единиците на АРМ стационирани на јужната граница и посета на гарнизонот Штип.

Континуираните средби на високо ниво со НГ на Вермонт овозможуваат постојано надградување на соработката со оваа партнерска армија, преку воената контакт програма за соработка со Армијата на САД.

Слични содржини