Ким Кардашијан ќе се здобие со нова восочна фигура другиот месец. Таа ќе биде изложена во музејот на „Мадам Тисо“ во Лондон и ќе биде поинаква од претходните нејзини копии.bb63286ebfd7131a20cbdf207d371784

Директорот на музејот Едвард Фулер издаде: “Мислевме многу како да изфледа Ким тука во лондонскиот музеј и конечно решивме дека ќе е најсоодветно да позира за селфи”.

Риалити ѕвездата одамна е нарекувана “кралица на селфитата” поради опседнатоста да се снима и да ги прикачува кадрите во социјалните мрежи. Минатата година дури и нејзината сопствена мајка се загрижи за опсесијата и во една од епизодите од семејното риалити  шоу „Keeping Up With Kardashians“ ја предупреди да се прибере и да престане барем за малку.

Самата Ким, која во моментов е бремена со своето второ дете, видливо нема намера да се откаже од својата страст.Пред еден месец таа го издаде и својот специјален албум на пазарот “Selfish”, во кој се избрани 300 од најдобрите фотографии.

Слични содржини