Временска прогноза

од Vladimir Zorba

  Времето во Македонија   ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со локален карактер.

Close up of umbrella in the rain with copy space

Во јужните, а особено во југоисточните делови, ќе има услови да бидат поројни и со појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови. Дневните температури во интервал од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, со температура до 16 степени.

Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и во четврток кога ќе дојде и до опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Слични содржини