За утре закажано продолжението на вонредниот конгрес на ССМ

од desk4

За утре е закажано продолжението на вонредниот конгрес на ССМ кој што беше прекинат на 11 ноември, а на кој што требаше да се избира нов претседател на Сојузот на синдикати.

Продолжението на конгресот ќе се одржи во Скопје во објектот на ССМ во 12 часот, а пред држувањето на конгресот најавено е обраќање на претседавачот на Работното претседателство, Роберт Симоноски.

Вонредниот конгрес на ССМ се одржа во Охрид на 11 ноември. Тогаш се очекуваше да биде избран нов претседател, но поради реакциите на дел од делегатите, кои го сметаат за недемократски изборот, воопшто не се пристапи кон гласање. Делегатите беа против гласање бидејќи единствен предложен кандидат беше в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Слични содржини