Законот за јазици заглавен во преводот на амандманите

од desk2

Амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците немаа да почне додека не се обезбедат технички услови за тоа. Според информациите на Телевизија 24 амандманите се уште не се преведени и тоа ќе биде причината точката да биде поместена подолу на собраниската седница. Пред да се отвори Законот за употреба на јазиците планот е да се поминат реформските закони кои се на оваа седница , но и да се изгласаат тројца потпреседатели на Собранието.

Според планот на мнозинството за потпретседатели ќе се гласа денеска и тоа за тројца, Фросина Ременски од СДСМ, Горан Мисовски од НСДП и Весел Мемеди од НДП. Официјално од Собранието денеска потврдија дека однесени се 35.569 амандмани за Законот за употреба на јазиците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието и повеќе од два ипол часа чекаат да заврши координацијата на мнозинството со собранискиот спикер Талат Џафери./24 Vesti

Слични содржини