Жбогар: Не треба да драматизираме, да им дадеме време на лидерите да се договорат

од desk2

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска во Берово оцени дека ситуацијата во Македонија не е толку драматична и оти на партиите треба да им се даде простор за да се договорат за формирање влада.

– Не мислам дека состојбата во земјата е толку тешка, не треба да драматизираме. Имавме избори и нормално е да се даде повеќе време за да можат политичките лидери да формираат влада. Гледам дека политичките партии се веќе ангажирани. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои што се потребни – изјави Жбогар.

Жбогар, заедно со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во Берово ја промовираа кампањата „ЕУ за тебе“ во рамки на која ќе Берово ќе се инвестираат повеќе од три милиони евра за реконструкција и изградба на канализациската мрежа./Мета

Слични содржини