📸 Прво појавување на ќерката на Навални по смртта на опозиционерот, Јулија објави потресна порака

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на Алексеј Навални, Даша (23) беше видена во четвртокот за првпат по смртта на нејзиниот татко во колонијата на арктичкиот затвор на крајот на минатата недела. Сопругата на починатиот опозициски политичар Јулија на социјалните мрежи објави фотографија со својата ќерка со порака за љубов и поддршка.

Јулија Навална на социјалната мрежа Х објави фотографија на која е покрај својата ќерка.

Заедно со фотографијата, Јулија напиша: „Мило мое девојче. Долетав овде за да те гушнам и поддржам. Толку силна, храбра и издржлива. Во секој случај ќе се снајдеме драга моја. Многу е добро што те имам покрај мене. Те сакам“, ѝ порачала Јулија на својата ќерка, студентка на Универзитетот Стенфорд во Америка.

Даша и нејзиниот брат Захар не се појавија во јавноста откако минатиот петок беше објавена трагичната вест за смртта на нивниот татко, пишува Daily Mail.

Јулија Навална беше во Минхен минатата недела кога дозна за смртта на нејзиниот сопруг. Набргу потоа на мрежата Х објави видео во кое вели дека ќе продолжи со работата на нејзиниот сопруг.

Слични содржини