📽 Голема вулканска ерупција на Исланд, евакуирани околу 4.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

На полуостровот Рејкјанес на југозападот на Исланд по неколкунеделни интензивни земјотреси синоќа еруптираше вулкан. Околу 4.000 луѓе претходно беа евакуирани од рибарскиот град Гриндавик.

Ерупцијата започна северно од градот во 22:17 часот по локално време, соопшти исландската метеоролошка служба. Регионот околу главниот град Рејкјавик од крајот на октомври доживува зголемена активност на земјотреси, јавува Би-Би-Си.

Сликите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат лава како избива од вулканот само еден час по земјотресот.

Очевидец од градот изјавил за Би-Би-Си дека половина од небото во правец на Гриндавик е „осветлено во црвено“. Тој исто така рече дека чад се крева високо во воздухот, а полицијата ги предупредува луѓето да се држат подалеку од областа.

Хеликоптер на крајбрежната стража бил испратен во областа за да ја потврди точната локација и големината на ерупцијата.

Националната метеоролошка служба соопшти дека ерупцијата се наоѓала на околу 4 километри североисточно од Гриндавик и дека сеизмичката активност се движи кон градот. Должината на пукнатината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата тече со брзина од околу 100 до 200 кубни метри во секунда, се додава.

„Млазовите (на лавата) се доста високи, така што на почетокот се чини дека е моќна ерупција“, рече тој.

Ерупцијата може да се види од Рејкјавик, кој е на околу 42 километри североисточно од Гриндавик.

Во април 2010 година, ерупцијата на вулканот Ејафјалајокул го предизвика најголемото затворање на европскиот воздушен простор од Втората светска војна, како резултат на голем облак од пепел.

Слични содржини