📽 НОВИ СНИМКИ од земјотресот од Јапонија: Луѓето панично бегаат и се кријат под маси

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се шират снимки од земјотресот кој во понеделникот ја погоди Јапонија. Десетици згради се уништени, илјадници луѓе останаа без струја, а во четири земји беше издадено предупредување за цунами како последица на земјотресот со јачина од 7,6 степени.

На видео снимено во ресторан и куглана може да се види како сè се тресе, а се слуша силен шум. Луѓето кои се нашле во просторијата се сокриле под масите.

Се појави и видео од паркинг. Автомобили се тресеа и алармите беа активирани.

Земјотресот предизвика бранови високи околу еден метар долж брегот, а властите предупредуваат дека може да следат уште посилни. Јапонската метеоролошка агенција издаде посебно предупредување за префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама. Првично беше издадено големо предупредување за цунами за Ишикава, прво по земјотресот во 2011 година, но предупредувањето подоцна беше намалено. Покрај Јапонија, предупредувања беа издадени и во соседна Кореја и Русија.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека силна сеизмичка активност ќе се почувствува во следната недела, кога земјата повторно би можел да ја погоди земјотрес со јачина од 7 степени.

Слични содржини