📽 СЕРИЈА ЕКСПЛОЗИИ ВО ЊУЈОРК, хеликоптери го надлетуваат градот

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарникарите започнаа протокол за одговор при итни случаи, откако добија извештаи за „експлозии и потреси“ на островот Рузвелт во Њујорк рано утрово.

Повикот стигнал набргу по 6 часот наутро по извештаите за експлозии.

Противпожарната служба наводно добила извештаи за „повеќе експлозии“ во областа и „се обидува да го лоцира изворот“.

Снемало струја во тој реон, а на терен се голем број полицајци.

Локалните жители пријавиле дека се разбудиле од звуците на експлозии и чувството дека зградите се тресат, пишува „Дејли мејл“.

Над градот наводно летаат хеликоптери.

Засега нема информации за повредени, а истрагата е во тек.

Слични содржини