11 играчи повредени за два дена: Срцето на Ериксен застана за момент, Белгиец заврши со сериозни повреди на лицето (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Европското првенство во фудбал започна, но засега го одбележаа лоши вести, повреди на играчи, а најкритичен беше Кристијан Ериксен.

Видовме сè, веќе напишавме сè за ситуацијата што ја исплаши планетата. Кога Кристијан Ериксен падна на „тревниот тепих“ на Паркен без свест. Срцето на Данецот застана за момент, а благодарение на брзата реакција на капитенот Симон Кјер и лекарите на стадионот, трагедијата беше избегната.

За среќа, Кристијан Ериксен е добро, тој е во болница и за него, ова Европско првенство заврши. Прерано е да се каже за кариера. Сепак, проблемот со повредите на играчите не започна или заврши тука.

Десниот бек на Белгија, Тимоти Честен претрпе сериозна повреда на дуелот против Русија. Се здобил со двојна скршеница на лицето. Големото прашање е дали тој ќе може да им помогне на „црвените ѓаволи“ да продолжат во натпреварувањето, па дури и ако може, ќе мора да носи заштитна маска.

Поради сериозна повреда на грбот се повреди голманот на Чешка – Јири Павленко.  Покрај овие тројца играчи, досега се повредени уште осуммина. Тоа се: Јан Вертонген (Белгија), Јуриј Жирков (Русија), Далер Кузјаев (Русија), Кифер Мур (Велс), Алесандро Флоренци (Италија), Јонас Хофман (Германија), Јенс Кајуште (Шведска) и Албин Екдал (Шведска) .

Данокот на пандемијата со коронавирусот и ненормалниот ритам на живот последната година влијаеше и на  фудбалерите.

Слични содржини