Колумбискиот министер за надворешни работи Карлос Олмес Трухило изјави дека како резултат на судирите на границата со Венецуела повредени се 285 лица , соопштува ТАСС.

Венецуела ги распореди  војниците долж границата со Колумбија .Венецуелските војници до границата со Колумбија користеа и сила и солзавец.

“Во моментов 285 лица се повредени во судирите , главно поради солзавец и користењето на несмртоносни оружја”, рече Карлос Олмес Трухило. Според него, 37 лица  се итно хоспитализирани .

  Според колумбиското Министерство за надворешни работи, меѓу 285 жртви има 255 Венецуелци и 30 Колумбијци.