Студентскиот пленум денеска на седмиот ден од прогласувањето на првата Автономна зона на Филозофскиот факултет во Скопје, ја прогласи третата Автономна зона на Техничкиот факултет во Битола, ја бојкотираше наставата и на Педагошкиот факултет, а ги прошири своите активности  и на архитектонско тло.

Следните две фотографии ја илустрираат денешната атмосфера на Архитектонскиот факултет.

http://www.studentskiplenum.org

http://www.studentskiplenum.org

http://www.studentskiplenum.org

http://www.studentskiplenum.org

Денеска беше бојкотирана наставата од пленумци и на Педагошкиот факултет кои се незадоволни од новите законски решенија кои предвидуваат и Академија за наставници со која дополнително се усложнуваат студиите и  вработувањето за идните наставници.

На факултетите во кои е прогласена слободна автономна зона, Техничките и Филозофскиот факултет во Скипје, нема класична настава, но секојдневно се одржуваат алтернативни предавања. 10989116_1599965763567040_964759817304672752_n

Денеска професорот Ферид Мухиќ пред студентите говореше за Одбрана на академската република. Тој ја охрабрува идејата на студентите  за слободна територија на факултетите во обид да не биде завземен и последниот бастион на слободната мисла.

Неофицијално, сериозно се дискутираат можните окупации на уште факултети, а во меѓувреме се очекуваат претставници на Владата да прифатат да преговараат на тлото на Универзитетот.

Слични содржини