CNN: Сирија ги премести своите воени авиони поблиску до руската база Хмејмим

од Vladimir Zorba

Сириските власти ги предислоцираа своите воении авиони поблиску до руската воена база Хмејмим во надеж да ги обезбеди од ударите на американската коалиција, објави телевизија CNN, повикувајќи се на свои извори во САД.

Според телевизиската компанија “Сирија ги префрлила повеќето или сите свои воени авиони во реонот на руската база”.

Во краткото соопштение се вели дека сириските власти се надеваат дека САД и нивната коалиција ќе се обидат да се воздржат од нанесување на удари во непосредна близина на руската база.

Слични содржини