Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

од Vladimir Zorba

 – Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Вијадукт Трејд – ДООЕЛ, известува дека во Неготино временото решение е изменето и возилата ќе се исклучуваат од магистралниот пат на регионалниот пат (Р – 1102) кај клучката Тремник, каде до Демир Капија ќе се вози по регионалниот пат.
Исто така информира дека од 27.06. ќе се изведуваат градежни активности околу 1 (еден) месец на клучка Илинден и клучка Врапчиште.

Виадукт Трејд на 17.07.2017 известува дека ќе се изведуваат градежни активности, реконструкција на десната страна на коловозот, со времетраење од 6 (шест) месеци од Граничен премин Богородица до клучка Гевгелија во должина од 5км.

Компанијата Ескалатори МК ДООЕЛ – Скопје известува дека изведува градежните работи за Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1, делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска Клучка). Сообраќајот се одвива под одобрен изменет режим во период од 17.07.2017 год. до 31.12.2017 година.

ГД Гранит информира дека од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с. Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз).

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори.

Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци, односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Илинден А.Д. Струга известува дека има времена измена на режимот на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани). Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента, во должина од 2,5 км. Измената започна на 02.06.2017 од 15:00 часот, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани).

Виадукт Трејд од 11.05.2017 година изведува градежни активности – електрично осветлување на клучка Белви на автопат А2 Е65, делница Хиподром – Миладиновци. Активностите ќе траат околу шест месеци.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува низ градот Битола.

Илинден А.Д. Струга известува дека има времена измена на режимот на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна на 18.04.2017, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента е затворена за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

ДГ Бетон АД известува дека поради изведбата на градежни работи на магистралниот пат А4, делница клучка Кадино – клучка Хиподром од км. 4+230 до км. 9+330 сообраќајот се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, почнувајќи од 03.04.2017 и во траење од 3 месеци. Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

На 07.03.2017 година започна изведбата на градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистралниот пат А2, делница Тетово – Скопје, клучка Сарај. Активностите се реализираат во период од 07:00 до 17:00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

ДГ Бетон АД Скопје почнувајќи од 27.02.2017година, поради градежни работи на магистралниот пат А2, Делница Гостивар – Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800 м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државниот пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 27.04.2016 е воведена промена на времена измена за режим на сообраќај согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски на Република Македонија на 26.04.2017 година.

Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P1204.

Од 12.04.2017 има пренасочување на сообраќајот на делница Клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат Р526 на магистралниот пат А3 и обратно до Клучка кај село Три чешми по новоизградената десна коловозна лента.

АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Забрана за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија: Од 01.07.2016 година (сабота) почна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за државни патишта.

Забрана за тешки товарни возила на магистралниот пат А2: Од 01.07.2017 година (сабота) започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок: 15:00 – 22:00 часот, сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела: 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

ГД Гранит информира дека од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с. Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз).Спрема сообраќајното решение за изведување на градежните работи ќе се отвораат делници сукцесивно во должина од 0,5 км. На деловите каде има три сообраќајни ленти сообраќајот ќе се одвива така што на една сообраќајна лента ќе се изведуваат градежни работи а на останатите две ќе се одвива сообраќајот. На деловите каде има само две сообраќајни ленти градежните работи ќе се одвиваат на едната сообраќајна лента, а сообраќајот ќе се одвива по другата сообраќајна лента и сообраќајот ќе се регулира со семафори во должина до 500 м. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

Патниот правец Р2332 Ресен – Охрид и обратно (преку национален парк Галичица) од 19.05.2017 е отворен за сообраќај за возила со вкупна тежина до 3.5 тона.

ДГ Бетон АД Скопје почнувајќи од 27.02.2017година, поради градежни работи на магистралниот пат А2, делница Гостивар – Кичево после раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе -Штип изведува градежните работи за градба на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км47+107,00.

Од 21.05.2015 е целосно затворена до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај делницата на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P1204.

Информации за движење на патниот правец низ Јасен (Од 1 април 2017 година)

Патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод
Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 -18:00 часот
Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 -20:00 часот.

Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: [email protected].

Слични содржини