Буџет 2018, министерот и пратениците со различни ставови

од desk4

Тој вели дека и во оваа државна каса нема да има пари за детски градинки во општини со мнозинство Албанци, нема да има средства и за поквалитетни здравствени услуги и за подобри здравствени домови.

„Овој Буџет нема суштинска промена по однос на претходните Буџети, не е развоен и со него се очекува само да се извршуваат тековните потреби.
Со сите проблеми кои се соочувале Албанците ќе продолжат да ги имаат и понатаму. Ќе продолжат проблемите во здравството, во образованието.“ – изјави Фадил Зендели – БЕСА

Министерот за финансии Драган Тевдовски, вели дека дел од предложените амандмани за училишта или здравствени установи не се прифатени оти за дел од нив има предвидено пари во други програми или преку министерствата.

„Политичка волја е да се зголемуваат средствата. Мора да имате предвид, дека по единаесет години мора да се грижиме и за дупки од долгови кои треба да ги платиме, значи имаме некои ограничувања. А за да се градат или реновираат некои работи на локално ниво ние во овој Буџет додаваме 900 милиони денари ко ќе одат во блок – дотации кои треба да помогнат на локално ниво да си сервисираат потреби. Тие ќе се распределат во сите општини, без никаква дискриминација по ништо па ни по етничка основа.“ – вели Драган Тевдовски – министер за финансии

Тевдовски вели дека тие ќе прават притисок до институциите предвидените капитални инвестиции од овој Буџет да се реализираат што пак од друга страна ќе ја придвижи економијата. Добар сигнал според Тевдовски е и тоа што бавно, но за влакно ја избегнавме рецесијата односно БДП – то во третиот квартал покажува добри сигнали, а очекува подобар последен квартал. Министерот вели дека сите прифатени амандмани ќе ги брани и пред Владата. Буџетот денеска доби зелено светло и од Законодавно – правната комисија. Од парламентот велат дека овој документ веднаш ќе го испратат во Владата, по што веќе наредната недела се очекува да се разгледа и на пленарна седница.

Слични содржини