Адеми: Двајца пратеници од ДУИ тргнаа по друг пат

од Nikola Popovski

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми смета дека одвојувањето на Изет Меџити од партијата и формирање свое политичко движење не е удар за владеачката партија. Жали што од медиумите се информирани дека двајца пратеници од ДУИ, како што вели, го избрале овој пат.

-Тие добро биле третирани во ДУИ и носеле високи функции и институционална одговорност и доверба од партијата за да бидат на таа функција. За причините за нивното самоотстранување треба да ги прашаме нив. Во мнозинството не се менува ништо. Без овие пратеници, оваа влада и програма беше изгласана. На истите бројки сме и сега, само изразуваме жалење за тоа што се случува, кажа Адеми на брифинг со новинарите во Собранието.

Адеми информира дека Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику од ДУИ ќе дејствуваат како опозиција, додека третиот Кастриот Реџепи е независен и станал пратеник преку листата на СДСМ.

Слични содржини