Пред 3 години, Русија предложи сирискиот претседател Башар Асад да биде соборен од власт преку мировен договор, но западните земји го отфрлија овој предлог, бидејќи сметаа дека тој многу брзо ќе падне од власт. Ова го изјави поранешниот фински претседател и меѓународен посредник Марти Ахтисари, кој е носител на Нобеловата награда за мир од 2008 година за решавање на конфликтите во поранешна Југославија, Индонезија и Намибија.

АКТИСАРИ

Британскиот весник “Гардијан” објави дека тој разговарал со постојаните претставници на петте земји членки на Советот за безбедност на ОН. Тогаш рускиот амбасадор Виталиј Чуркин предложил план од 3 точки  за соборувањето на власт од Асад и започнувањето на мировни преговори меѓу власта и опозицијата во Сирија. “Ја  испуштивме  можноста во 2012 година”, вели Ахтисари и додава дека САД, Велика Британија и Франција биле убедени дека Асад многу брзо ќе падне од власт и од таа причина се игнорирал руското предлог. Поранешниот фински претседател се сеќава дека “најдобро интригантна била средбата со Виталиј Чуркин, кого го познавав многу добро. Не секогаш со него се согласуваме за сите прашања, и  разговараме искрено. Му објаснив зошто дојдов, а тој ми одговори: седи Марти, ќе ти кажам што треба да направиме “. Чуркин му рекол тогаш дека не треба да се дава оружје на опозицијата и дека веднаш треба да започнат преговори меѓу опозицијата и режимот на Асад. Рускиот амбасадор сметал дека треба да се најде елегантен начин за повлекување на Асад.

4403243

Ахтисари ја  предал пораката на британската, американската и француската мисија  во ОН. “Немаше никаква реакција, бидејќи сите тие беа убедени како и многу други, дека Асад ќе биде исфрлен од власта за неколку недели и поради таа причина не треба да се прави ништо”, завршува Ахтисари.

Потсетуваме  дека крвавата граѓанска војна во Сирија започна во средината на месец март 2011 година Од тогаш до денес загинале најмалку 240 000 луѓе. Милиони Сиријци се протерани од своите родни домови и побарале засолниште во соседните земји. Само на територијата на Турција тие се над 2 милиони луѓе. Во исто време голем дел од териториите на Сирија и соседен Ирак се контролираат од терористичката организација Исламска држава. Во последните 2 месеци голем дел од Сиријците побараа азил на територијата на ЕУ. Тие пристигнуваат на грчките острови во Егејското Море, од каде се транспортираат  организирано од грчките власти кон Македонија, од таму тие го продолжуваат патот кон ЕУ, минува низ Србија. Од центарот во Прешево српските власти организирано испраќаа мигрантите кон границата со Унгарија. Бегалската криза принуди голем број европски држави, на прво место Унгарија да ја преиспитаат својата политика. Будимпешта издигна ограда и им забрани на мигрантите  да влезат на нејзина територија, обидувајќи се да го запре протокот на дојденци, кои се насочени кон “ветената земја” – Германија.

Поради кризата, која некои набљудувачи ја дефинираат како новата  преселба на народите, следната недела на 22 септември ќе има вонредна средба на министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ. Повеќето централноевропски земји – Чешка, Словачка и Унгарија – веќе се изјаснија против распределбата на квоти на бегалци во нивните земји.

Слични содржини