Ако ви загорело дното на тенџерето, пробајте ги овие едноставни трикови

од desk2

И вештите домаќинки понекогаш не можат да ги избегнат незгодите во кујната, па така често на секоја може да ѝ загори тавата или тенџерето во кое готвела.


Постојат две решенија за тоа, многу се едноставни, а не подразбираат изнемоштувачко триење со жица.

Сè што ви е потребно за првото решение е таблета за машинско миење садови или прашок за перење.

Наполнете го со вода садот во кој ви загорела храната и ставете ја на рингла на средна температура.
Потоа ставете една таблета прашак за машинско миење садови или обичен прашок за перење.

Оставете го садот 10-15 минути сè додека парчињата храна не го подигнат загорениот дел. Ако состојбата и понатаму е критична, повторете ја постапката и вашиот сад ќе биде како нов.

Прочитајте и… Есенски парчиња облека кои совршено им прилегаат на дамите со заносни облини (ФОТО)
Постои уште еден начин да му го вратите животот на вашиот загорен сад – намачкајте го со мешавина од малку брашно, сол, сода бикарбона и детергент за миење садови па покријте го со пластична фолија и оставете така да отстои преку ноќ. До утрото загорените делови од храната ќе омекнат, па триењето ќе биде многу побрзо и поедноставмно.

Слични содржини