Албанското обвинителство започна истрага за обвинувањата дека Демократската партија лобирала во САД

од desk4

Јавното обвинителство во Тирана започна истрага во врска со обвинувањата дека опозициската Демократска партија потрошила милион долари за лобирање во САД.

– Обвинителството денеска побара од Централната изборна комисија и од Демократската партија да достават документација и финансиски извештаи за потрошените милион долари, кои се прикажани како изборни трошоци, потврди извор од Обвинителството за албанските медиуми.

Претходно, партијата на албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека во понеделник ќе достави тужба за перење прави против лидерот на демократите, Љуљзим Баша.

Баша одговори дека со обвинувањата и тужбата има за цел да го сврти вниманието од сопствените скандали во кој е вмешан поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и други партиски функционери.

– Единствен човек кој ги крие парите си ти Еди Рама. Ти си тој кој треба да биде под обвинение за перење пари. Немој да го чекаш понеделник, туку веднаш достави документи до Обвинителството, порача Баша.

Според обвинувањата на Социјалистичката партија на Рама, опозициските демократи платиле над милион долари на три компании за лобирање во САД за да обезбедат средби на партиските лидери со Доналд Трамп.

Слични содржини