Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на земјоделците

од desk4

Советникот на Груевски и советник во Гази Баба Александар Трајковски беше присутен на денешниот протест на земјоделците, откако видел дека настанот се организира на социјалните мрежи.

„Ние ги поддржуваме земјоделците. ВМРО – ДПМНЕ застана со поддршка за земјоделскиот протест и дојдовме да ги слушнеме нивните барања кон владата и да испратиме прака дека и ние ги поддржуваме. Земјоделската мака е голема, оваа влада ги измами и излажа пред изборите, за потоа да не реализира ништо. Земјоделската мака треба да се слушне, треба да се помогне. Државата мора да им помогне. Заев треба да се освести. Добро е што набрзо има избори, па земјоделците се веќе свесни кој ги манипулира, а кој им дава права и се она што им следува како помош од државата“, рече Трајковски.

Инаку, Трајковски е еден од обвинетите во случајот „Шлаканици во Центар“, како и прв човек кој се сретна во експремиерот и азилант Никола Груевски во Будимпешта, иако  боледувањето кое го отвори во Царинска управа го користеше во Будимшешта со изговор дека  бил во ДУНА медицина во Унгарија.

 

Слични содржини