Америка го достигна лимитот за задолжување, најавија итни мерки

од Vladimir Zorba

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен го извести Конгресот дека, како што се проценува, САД ќе го достигнат националниот лимит за задолжување во четврток и дека потоа ќе се прибегне кон „вонредни мерки“.

Во писмото упатено до лидерите на Сенатот и Претставничкиот дом, Џенет Јелен наведе дека овие мерки ќе обезбедат дополнително време додека Конгресот не усвои закон кој или ќе го зголеми лимитот за задолжување, кој сега е 31,4 трилиони долари, или пак ќе го суспендира за некое време.

„Клучно е Конгресот навремено да реагира“, изјави Јелен.

Таа предупреди дека неисполнувањето на обврските од страна на владата ќе предизвика непоправлива штета на американската економија, приходите на сите Американци и глобалната финансиска стабилност.

„Иако Министерството за финансии не може да процени колку вонредните мерки ќе ја продолжат способноста на владата да ги отплати своите обврски, тешко дека мерките ќе бидат исцрпени пред почетокот на јуни“, додаде Џенет Јелен.

Слични содржини