Американската фармацевтска компанија J&J обвинета за продажба на канцероген талк

од Stefanija Kuzmanovska

Подружница на американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон (J&J) по вторпат поднесе барање за банкрот и покренување на стечај, барајќи да се постигне спогодба од 8,9 милијарди долари во тужбата во која компанијата е обвинета дека талкот за бебиња кој го произведува и продава предизвикува рак.

Првото барање за стечај од страна на подружницата J&J LTL Management беше одбиено откако во пресудата на апелациониот суд беше наведено дека ниту J&J ниту LTL не се во „финансиски проблеми кои ќе ги квалификуваат да прогласат банкрот“, пренесува „Ројтерс“.

Новото барање за стечај вклучува предлог да им се платат на доверителите 8,9 милијарди долари во текот на 25 години за да се решат сите тужби поврзани со канцерогениот бебешки талк.

Слични содржини