Апасиев ја нападнал и насилно ја избркал од автомобил ќерката на Гордана Силјановска Давкова

од Nikola Popovski

Марија Давкова, ќерката на кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во објава на социјалните мрежи истакна дека пред девет години од страна на сегашниот лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев била брутално нападната и истуркната од неговиот автобомил.

Марија Давкова во својата објава вели дека сето тоа се случило без никаква причина.

„Јас Марија Давкова, пред околу 9 години бев брутално нападната и истуркана од колата на Димитар Апасиев без апсолутно ниту една причина. Ете ги моите 5 минути“, наведува Давкова во објавата.

Таа не изнесе дополнителни детали за настанот, но во коментари на објавата напиша дека „Кој се плаши од вистината мал е во умот“ како дека „жени кои на очевидно чудно поведение со примеси на насилен елемент стојат рамнодушно, за мене се исто така сомнителни во рационалниот ден и проценката на добро и зло“.

Слични содржини