Апелацискиот суд во Битола ја поништи гаранцијата, Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор

од Aleksandar Petrovski

Апелацискиот суд во Битола го поништил решението на охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра на Нефи Усеини и брат му за да се бранат од слобода. Советникот од ДУИ во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат остануваат во притвор.

Решението со кое беше прифатена гаранцијата е укинато и предметот повторно е вратен на одлучување во Охрид, информираат од битолскиот Апелациски суд каде обвинителството се жалеше откако судот во Охрид ја прифати гаранцијата.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува утре. Откако неколку дена браќата беа недостапни за полицијата, на 26 август сами се пријавија и беа притворени.

Против нив се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол. Во меѓувреме Топалоски сосема го менува исказот и вели дека не бил нападнат од браќата Усеини.

Слични содржини